ЗНАЧЕЊЕТО НА ПРИЈАТЕЛСТВОТО И ОСАМЕНОСТА ВО МЕЃУВРСНИЧКИ ТЕРЕЛАЦИИ, ПРИКАЖАНО ВО МАКЕДОНСКАТА КНИЖЕВНОСТ ЗА ДЕЦА И МЛАДИ

Детињство 1 (2024)  (str. 133-143)

AUTHOR(S) / АУТОР(И): Јованка Д. Денкова

Download Full Pdf  

DOI: 10.46793/Childhood24.1.133D

ABSTRACT / САЖЕТАК:

Луѓето се социјални битија за кои социјалната комуникација со другите луѓе е од витално значење. Обично, кога ќе се спомене зборот „осаменост”, првата асоцијација е поврзана со повозрасни луѓе, или луѓе во поодмината возраст. Но, факт е дека осаменоста не може да се поврзе конкретно со одредена возраст кај човекот. Исклучок од тоа не се ни децата ни адолесцентите. Адолесценцијата е период на транзиција, во кој младите се соочени со многу нови предизвици, како во семејството така и во училиштетто. Оттука, од круцијално значење за младиот човек е да има хармонични односи во семејството, а особено да воспостави пријателски односи во училиштето, на местата каде младите излегуваат и слично. На тој начин, пријателството со врсниците може да им го олесни стресот поврзан со училиштето, оценките, изгледот кој им се менува „преку ноќ” и сл. Во оваа статија, се осврнуваме кои тие неколку клучни моменти, преку соодветни примери кои ќе ги ексципираме од современата македонска книжевност за деца и млади.

KEYWORDS / КЉУЧНЕ РЕЧИ:

пријателство, осаменост, книжевност за деца и млади

REFERENCES / ЛИТЕРАТУРА:

ИЗВОРИ
  • Димовски, Петре. Средба во осамената куќа. Битола: Дата Песнопој, 2016.
  • Кралева, Мила. Што ако не постоеше Полна Месечина. Штип: Мила Кралева, 2012.
  • Неделковски, Велко. Шармери од осмо. Скопје: Арс Ламина-публикации, Либи, 2019.
  • Поповски, Александар. Бакнеж за сеќавање. Скопје: Детска радост, 1990.
ЛИТЕРАТУРА